свет

Хуманитарна флотила со 12 активисти се приближува кон Газа и покрај предупредувањето од Израел

- Следните часови ќе бидат најкритични, вели еден од организаторите на флотилата за помош „Мадлин“

Ahmed Asmar  | 08.06.2025 - Обновена : 08.06.2025
Хуманитарна флотила со 12 активисти се приближува кон Газа и покрај предупредувањето од Израел

АНКАРА (АА) - Меѓународниот комитет за прекин на опсадата на Газа денес објави дека бродот за помош „Мадлин“ се наоѓа во египетските води на пат кон Газа, и покрај предупредувањето од Израел дека нема да му биде дозволено да влезе во блокираната енклава, објави Анадолу.

Од Комитетот, кој е еден од организаторите на флотилата за помош, истакнуваат дека бродот поминал низ Александрија во северен Египет и се очекува на пат кон Газа да стигне во градот Мансура за неколку часа.

„Следните часови ќе бидат најкритични“, се вели во соопштението.

На бродот се наоѓаат 12 активисти, меѓу кои и шведската климатска активистка Грета Тунберг и ирскиот актер Лиам Канингем.

Рима Хасан, француска членка на Европскиот парламент се наоѓа на бродот и објави фотографии на социјалната мрежа X.

Минатата недела, израелската државна телевизија KAН објави дека Израел ја поништил својата првична одлука да му дозволи на бродот да помине. Одобрението беше повлечено под изговор дека претставува преседан за идните хуманитарни мисии.

Организаторите информираа дека бродот превезува итно потребни залихи за жителите на Газа, вклучувајќи храна за бебиња, брашно, ориз, пелени, женски санитарни производи, комплети за десалинизација на вода, медицински потрошни материјали, патерици и детски протези.

Бродот „Совест“ (Conscience), управуван од Коалицијата за слобода, покрај брегот на Малта беше цел на напад на беспилотни летала на 2 мај.

Игнорирајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, Израел спроведува брутална офанзива врз Газа од октомври 2023 година, убивајќи речиси 54.800 Палестинци, претежно жени и деца. Агенциите за помош предупредуваат на ризикот од глад кај повеќе од два милиони жители на палестинската енклава.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид во Меѓународниот суд на правдата за воени злосторства против цивилите во Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın