Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со пакистанскиот премиер Шариф
- Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство информираше дека за време на разговорот биле разгледани билатералните односи меѓу Турција и Пакистан, како и регионални и глобални прашања.

АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со пакистанскиот премиер Шабаз Шариф, известува Анадолу.
Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство информираше дека за време на разговорот биле разгледани билатералните односи меѓу Турција и Пакистан, како и регионални и глобални прашања.
Во соопштението се наведува дека претседателот Ердоган истакнал дека со преземените чекори се зацврстени вековното пријателство и силната солидарност меѓу Турција и Пакистан.
Претседателот Ердоган во исто време на пакистанскиот премиер Шариф му го честитал Курбан бајрам.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.