Балкан

„Водовод и канализација“ со апел до жителите на Скопје за рационално користење на водата

„Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за миење автомобили, за полнење базени, но и спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци“

Elena Trenchevska Chekovic  | 19.06.2025 - Обновена : 20.06.2025
„Водовод и канализација“ со апел до жителите на Скопје за рационално користење на водата

СКОПЈЕ (АА) – Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ информира за зголемена потрошувачка на водата и упати апел до граѓаните на Скопје рационално да ја користат водата за пиење, пренесува Анадолу.

„Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за миење автомобили, за полнење базени, но и спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци“, порачаа оттаму.

Се истакнува дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснабдувањето до сите корисници во градот Скопје.

​​​​​​​Претпријатието им посочи на граѓаните на Скопје да пријават доколку забележат див приклучок.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.