Поради прекин на телекомуникациите, УНРВА соопшти дека го изгубила контактот со персоналот во Газа
„Утринава, за прв пат по неколку месеци, не ги добивме нивните утрински пораки во кои би рекле 'добро утро' и 'добро сме/живи сме'. Со нетрпение очекуваме да слушнеме нешто од нашите колеги“, соопштија од УНРВА.

ЖЕНЕВА (АА) - Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) денес соопшти дека изгубила контакт со својот персонал во Газа, по целосниот прекин на комуникациите во опколената енклава, јавува Анадолу.
УНРВА на социјалната мрежа Х напиша: „Изгубивме контакт со нашите колеги на УНРВА во Газа, комуникациските мрежи се во прекин.“
„Утринава, за прв пат по неколку месеци, не ги добивме нивните утрински пораки во кои би рекле 'добро утро' и 'добро сме/живи сме'. Со нетрпение очекуваме да слушнеме нешто од нашите колеги“, соопштија од УНРВА.
Ситуацијата дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста на хуманитарните работници и влијанието на постојаните прекини на комуникацијата врз операциите за спасување животи во Газа.
Денес во Појасот Газа беа прекинати интернет и телефонските услуги, по израелските напади врз телекомуникациската инфраструктура, соопшти Палестинската регулаторна управа за телекомуникации.
Во соопштението, властите наведуваат дека дигиталната изолација на Газа се продлабочила поради „систематското нишанење“ на телекомуникациската инфраструктура од страна на Израел, и покрај повторените обиди за поправка на оштетените и алтернативни мрежи подолг временски период.
Во него се вели дека сега има целосен прекин на комуникациите и во јужните и централните области на територијата, како и во градот Газа и северниот регион, втор ден по ред.
Израелската Армија, отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, спроведува брутална офанзива против Газа од октомври 2023 година, при што се убиени повеќе од 55.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.