живот

Кина: Бран венчавки на кинескиот Ден на вљубените – 20 мај

– Илјадници парови се собраа пред Бирото за граѓански работи во кинескиот град Гуангжу на 20 мај за да склучат брак, искористувајќи го симболичното значење на датумот, кој во Кина се смета за неофицијален Ден на вљубените

Aida Cako  | 21.05.2025 - Обновена : 22.05.2025
Кина: Бран венчавки на кинескиот Ден на вљубените – 20 мај

СКОПЈЕ (АА) – Илјадници парови се собраа пред Бирото за граѓански работи во кинескиот град Гуангжу на 20 мај за да склучат брак, искористувајќи го симболичното значење на датумот, кој во Кина се смета за неофицијален Ден на вљубените, јавува Анадолу.

Во Кина, бројот 520 се изговара слично како фразата „те сакам“ на мандарински, поради што 20 мај секоја година се одбележува како романтичен ден, особено меѓу младите двојки.

Овој датум станува сѐ попопуларен избор за склучување бракови, со што се создава празнична атмосфера во многу градови низ земјата.

Во Гуангжу, главниот град на провинцијата Гуангдонг, уште од раните утрински часови беа забележани долги редици пред Бирото за граѓански работи. Паровите, облечени во свечена облека, со букети и насмевки, чекаа трпеливо за да го официјализираат својот брак.

Младоженците позираат пред зградите на институциите, честопати со декоративни елементи и специјално подготвени фотозони, со што се одбележува важноста на овој симболичен ден.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.