живот

Индонезија: „Село во бои на виножитото“ - креативен проект кој привлекува голем број туристи

Проектот, кој беше официјално отворен од Градската управа на Бандунг на 9 мај 2025 година, резултираше со создавање на таканареченото „Село во бои на виножитото“, локално познато како Лембур Катумбири – име инспирирано од сундскиот збор за виножито.

Aida Cako  | 20.05.2025 - Обновена : 21.05.2025
Индонезија: „Село во бои на виножитото“ - креативен проект кој привлекува голем број туристи

СКОПЈЕ (АА) - Ридската населба во Бандунг, град во индонезиската провинција Западна Јава, доби нов шарен лик откако 347 куќи беа обоени во живописни бои, во рамките на иницијативата за урбана трансформација, јавува Анадолу.

Проектот, кој беше официјално отворен од Градската управа на Бандунг на 9 мај 2025 година, резултираше со создавање на таканареченото „Село во бои на виножитото“, локално познато како Лембур Катумбири – име инспирирано од сундскиот збор за виножито.

Преку овој проект, властите имаат за цел да го подобрат естетскиот изглед на населбата и истовремено да ја поттикнат локалната економија преку развој на туризмот.

Шарените фасади и уредените улички веќе привлекуваат посетители од различни делови на земјата, кои сакаат да ја доживеат уникатната атмосфера на оваа обновена заедница.

Лембур Катумбири станува симбол на културно оживување и иновативно користење на јавниот простор, при што иницијативата добива признание и како значајна културна локација во Западна Јава.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.