свет

Палестинка која го загуби сопругот во израелски напад, се бори да преживее во шатор со своите 9 деца

- Мајката Хиџази секојдневно се соочува со проблеми во изнаоѓањето на храна за своите деца поради блокадата наметната од Израел и затворените гранични премини.

Oktaj Omeragikj  | 08.06.2025 - Обновена : 08.06.2025
Палестинка која го загуби сопругот во израелски напад, се бори да преживее во шатор со своите 9 деца

СКОПЈЕ (АА) - Мервет Хиџази (38), која го загуби сопругот во израелските напади врз Газа, се бори да преживее во шатор со своите 9 деца во градот Газа, известува Анадолу.

Мајката Хиџази секојдневно се соочува со проблеми во изнаоѓањето на храна за своите деца поради блокадата наметната од Израел и затворените гранични премини.

Семејството Хиџази не може да пристапи до доволно храна и чиста вода за да се прехрани и преживее.

Блокадата на хуманитарните конвои постојаните напади врз Палестинците кои чекаат помош во центрите за дистрибуција на помош за цивилите во Појасот Газа со секој изминат ден дополнително ја влошува продлабочената хуманитарна криза во регионот.

Според Канцеларијата за медиуми во Газа, помеѓу 27 мај и 6 јуни, израелските сили извршиле напади врз центрите за дистрибуција на помош, убивајќи 110 Палестинци и ранувајќи 583. Девет Палестинци сè уште се водат за исчезнати.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.